Бела-Агнија, Солена Соба Битола
За Нас
Добредојдовте во Бела-Агнија Агапи – првата целосно природна солена соба во Битола, создадена со љубов и грижа за вашето здравје и благосостојба.
Нашата мисија е да понудиме природна алтернатива за подобрување на дишењето, јакнење на имунитетот и намалување на стресот, преку терапија со сол (халотерапија), која е потврдена низ векови како ефикасен и безбеден пристап за сите возрасти.
Во пријатна, смирувачка атмосфера со ѕидови и под направени од хималајска сол, ние создадовме простор каде телото и умот се регенерираат. Се користи специјализиран халогенератор кој ја ситни и распрскува медицинската сол во воздухот, со што се создава стерилна, антисептичка околина со високо присуство на негативни јони, корисни за респираторниот и нервниот систем.
Моќта на природата во служба на здравјето
Јонизирачки камења
Во нашата солена соба користиме и јонизирачки камења – природни минерали (како турмалин, селенит, шунгит, хималајска сол и др.) кои емитуваат негативни јони и имаат моќно енергетско и пречистувачко дејство.
Негативните јони ги неутрализираат штетните позитивни јони кои доаѓаат од електронски уреди, загаден воздух и стресна околина. Редовното изложување на јонизирачки камења:
- помага при подобрување на квалитетот на воздухот,
 - ја намалува напнатоста и заморот,
 - го зајакнува фокусот и менталната јасност,
 - ги поддржува длабокото дишење и клеточната регенерација.
 
Камењата се дел од нашата природна терапија и внимателно се поставени во собата за максимално дејство, со цел да почувствувате вистинска хармонија и рамнотежа.
совети
Јонизирачки пирамиди
Баланс, енергија и прочистен простор
Јонизирачките пирамиди се природни енергетски алати создадени од минерали како турмалин, шунгит, обсидијан, селенит, хималајска сол и други камења кои емитуваат негативни јони. Благодарение на пирамидалната форма – која сама по себе е симбол на рамнотежа, енергија и стабилност – овие пирамиди се користат за прочистување на просторот, подобрување на здравјето и заштита од штетни електромагнетни зрачења.
															Дознајте
Како делуваат?
Јонизирачките пирамиди емитуваат негативни јони, кои:
- ги неутрализираат позитивните јони од електронските уреди (компјутери, Wi-Fi рутери, мобилни телефони),
 - го подобруваат квалитетот на воздухот,
 - го намалуваат заморот, главоболките и стресот,
 - создаваат чувство на свежина и ментална јасност.
 
Комбинирани со правилна поставеност и намера, овие пирамиди делуваат и како енергетски засилувачи – ги прочистуваат и балансираат просторот и аурата.
Откриваме
Совети за користење:
1. Стави ја пирамидата таму каде што најмногу престојуваш – работна маса, спална соба или дневна соба.
2. Во простории со електроника – постави ја до рутер, телевизор или компјутер за заштита од електромагнетни зрачења (EMF).
3. Медитација и фокус – држи ја пирамидата во рака или пред себе додека медитираш или работиш на концентрација.
4. Спална соба – помага при подобар сон и намалување на несоница кога се става блиску до креветот.
5. Комбинирај со други кристали – за зголемен ефект можеш да ја користиш заедно со розов кварц, аметист или селенит.
6. Редовно прочистување – остави ја пирамидата на сонце неколку часа или во близина на солена ламба за да ја обновиш нејзината енергија.
бенефити
Зошто да одбереш јонизирачка пирамида?
															Природен начин за детокс на енергијата во просторот
															Прекрасен декоративен елемент со функционална цел
															Поддршка за ментално здравје, концентрација и духовен развој
