Александрова астрологија за шифра: Зафир 2

Шифра: Зафир 2 

Исцелувачки афирмации кои се идеални за вас во спрега со Феникс: 

– Кога длабоко ги разгледувам туѓите вредности и мотиви, ќе знам на кому да му верувам !

Потребно е да бидете отворени за животната енергија и да ги слушате другите луѓе. Кога некој вели: Слушај, овој мантил не ви е убав. Ќе биде многу подобро ако го соблечете и го земете другиот, вашата прва реакција е да се држите до она што го имате на ум. 

– Меѓутоа ако ги слушате другите и го тргнете тој мантил (со стара вредност), ќе се чувствувате многу полесно. Доколку енергијата започнува да ви паѓа, едноствано мислите на нешто што го сметате за важно, и од кое треба да се ослободите.

Во многу минати живот имате стекнати искуства за удобност и задоволство, затоа сензуалната страна на животот не ви е непозната.Всушност, оваа тенденција од минатиот живот може да ве наведе на претерано уживање во храната, алкохолот и др.

– Поради вашата инстинктивна согласност со сензуалноста, мислите дека нешто што ви годи, ќе продолжи да ви годи доколку го повторувате.

Но, во оваа инкарнација тоа не функционира се така. За вас ова повторување на уживањето ве води до оптеретеност, било да е тоа имот, килограми, работни навики или стагнација.

– Единствениот начин да го надминете ова чувство е да престанете да претерувате со вашите сетила и конечно да запрете, за да сфатите дека краткотрајната радост не вреди бидејќи последиците се долготрајни. За вас не постои среден пат – потребно е да се откажете целосно од она што ве „блокира“, и никогаш не смеете повторно да се препуштите на тоа.  

Потребно е со самодисциплина да ги намалите вашите чувства и физичките задоволства, за да станете појаки.

-Понекогаш е непотребно да се дојде до надворешна криза, која ќе ве охрабри да ја промените навиката на претерување. На пример: ако се уплашите за вашето срце, може веднаш да преминете на здрава исхрана. Така се здобивате со нова навика, но овој пат ова навика вие е корисна.

Врзани сте за темелитоста : „Мојот начин е потешкиот начин“. 

– Во овој живот другите луѓе би требало да ви помогнат со давање на свежи идеи, нова материја, пари и сл. Но, вие не сакате помош.Имате посебен начин кој го обавувате толку едноставно како да ја косите тревата. Во голема мера животот ви станува потежок од она што треба да ви биде.

Донекаде имате вродена отпорност на одреден степен на претпоставка дека другите можат да бидат „во право“, а тоа само ви штети. 

-Всушност, така можете да ги одбиете оние кои сакаат да допринесат во вашата енергија и приходи, а вие да не сте свесни за тоа.

– Можете многу да бидете тврдоглави и поради таа особина трпете заедно со оние кои ве опкружуваат. Во претходните животи сте морале да се здружувате со апсулутната одлучност во едносмерната намера, за да ја постигнете својата цел.

– Вашата одлучност поради претераното икориствување ве претворила во ирационална тврдоглавост.

– Сето ова денес ве попречува да прифатете идеи кои ви се неопходни за обновувањето на енергијата и ослободувањето од препреките.

– Тврдоглавоста може да е вашата главна препрека.

Ако вашиот мотив е да ја подржете другата особа, без разлика на нејзината реакција, нема да бидете повредени. 

– Во текот на искреното поверение што ќе ви биде од корист за другата особа, вие ќе се отворите, и ќе се поврзете со враќањето, ќе ја добиете енергија која ви е потребна.

– Можете да оставете впечаток на понизна, реномирана особа, но вистинската скромност подразбира отвореност за други влијанија, а не доминација над ситуацијата. 

– Вие во извесна мера сте тврдоглави и арогантни од внатре – имате тврдокорно его од минатите инкарнации и треба од тоа да се ослободите.

Мој предлог: 

Во ова инкарнација сте преодредени за големи промени. Единствено преку потполната преобразба можете да си извлечите од навиките во кој многу лесно сте западнале и можете повторно да ја стекнете саканата виталност со чуство за живот. 

– За вас преобразбата има врска со другите луѓе, бидејки треба самите да согледате што другите мислат дека е поважно и потоа да ги следите новите правци кои предизвикувуваат возбуда. 

– На вас ви е потребна голема креативна енергија за да можете да се извлечите од своите навики. Кризните ситуации на позитивен начин ви помагаат да се ослободите од рамномерното сигурно темпо кое што почнува да ве заморува.

– Вие се менувате, растете и постигнувате возбудувања во животот, кога се прилагодувате на ситуациите и преземате ризик кој е неопходен за да кренете во непознатото.

Ако сакате да уживате во животот, потребно е да ја земате оваа врста на креативна стимулација и „живот на ивица“.

– Некогаш сте биле голем градител, но во ова инкарнација за да градите, најпрво треба да го расчистите теренот за ново свежо градење. 

Време е да се ослободите од се што ве попречува: минатото, претерано материјално поседување, се што во сегашноста што ви станало безкорисно. Меѓутоа вие се плашите да се ослободите, за да не го заборавите минатото.

Ви благодариме на довербата! 

Изготвил: Владо Павлов⚜️Управител на Феникс Мак Оргон, иноватор, истражувач и основач на ланецот Солени Соби Агапи во Македонија, како и основач на кафе Оргонит Агапи Прилеп 

Scroll to Top