Author name: fenix-admin

Павлов хороскоп

ЖЕНАТА БИК

Жената Бик често остава впечаток на силна, стабилна и привлечна личност. Таа е реална, рационална и упорна, а зад нејзината смирена надворешност се крие богата емотивна и сензуална природа. Нејзината сила е во истрајноста. Кога ќе постави цел, ретко се откажува и чекор по чекор се движи кон неа. Понекогаш оваа особина може да премине во тврдоглавост или нефлексибилност, особено кога е убедена дека нејзиниот став е исправен. Не сака нагли промени и најдобро функционира кога чувствува дека има стабилна основа под нозете. Љубов и партнерство Во љубовта, жената Бик бара сигурност, искреност и вистинска приврзаност. Не ја привлекуваат површни односи – таа сака партнер на кој може да му верува и со кого може да создаде стабилна иднина. Кога ќе го пронајде човекот што го смета за „вистинскиот“, може силно да се посвети на врската. Обично е лојална, искрена и ориентирана кон долготрајно партнерство. За неа љубовта не се докажува само со зборови, туку преку присуство, грижа, верност и конкретни постапки. Најмногу ѝ одговара стабилен, зрел и успешен партнер кој знае што сака од животот и со кого може да изгради сигурен дом. Семејство и дом Семејството има големо значење за жената Бик. Таа сака дом во кој постојат мир, ред, удобност и чувство на материјална и емоционална сигурност. Како сопруга и мајка може да биде исклучително посветена. Сака да ги заштити и обезбеди луѓето што ги сака, а понекогаш нејзината потреба да се грижи за нив може да биде и претерано силна. Кога се чувствува сакано, почитувано и безбедно, жената Бик може да биде одличен организатор на семејниот живот – практична, вредна, стабилна и способна да создаде топла и хармонична атмосфера. Карактер и амбиции Жената Бик не мора секогаш отворено да ги покажува своите амбиции. Таа ретко има потреба постојано да зборува за своите планови. Наместо тоа, тивко и истрајно работи за да го постигне она што го сака. Ја привлекуваат удобноста, квалитетот, убавината и материјалната сигурност. Има изразено чувство за вредност и сака работи што се трајни, убави и квалитетни. Токму затоа нејзиниот успех често не доаѓа преку нагли пресврти, туку преку трпение, практичност и способност постепено да ги насочува околностите во своја полза. Емоции и љубомора Однадвор може да изгледа мирно, пријателски и самоуверено, но не секогаш покажува што навистина чувствува. Кога нејзината сигурност е нарушена, може да се појават љубомора, посесивност или силна потреба да знае дека партнерот е целосно посветен на врската. Таа тешко прифаќа предавство и губење на довербата, бидејќи стабилноста е една од нејзините најдлабоки потреби. Сензуалност и интимност Зад нејзиниот мирен изглед може да се крие силна сензуална и страсна природа. Во Павловата астрологија, жената Бик се опишува како личност кај која физичката привлечност, емоционалната блискост и чувството на сигурност се тесно поврзани. Таа може да биде страстна, но истовремено и воздржана сè додека не почувствува доверба. За неа вистинската интимна хармонија не се темели само на физичката привлечност, туку на чувството дека е сакана, посакувана, почитувана и безбедна покрај партнерот. Кога постојат доверба, стабилност и заемна приврзаност, жената Бик може целосно да ја покаже својата топлина, нежност и страст. Жената Бик накратко Жената Бик е спој на сила и нежност, практичност и романтика, стабилност и сензуалност. Таа сака да знае каде стои, кого има покрај себе и што гради за иднината. Нејзината најголема сила е способноста трпеливо да создава – љубов, дом, сигурност и живот што има вистинска вредност. Кога сака, сака длабоко. Кога верува, се посветува. А кога ќе одлучи што сака, тешко нешто може да ја натера да се откаже.

Блог / Совети и препораки

Плочата „ЦВЕЌЕТО НА ЖИВОТОТ“ – Симболика и енергија

Плочата „Цвеќето на животот“ го симболизира следново: Поимот „pyramid“ – пирамида се поврзува со два збора:🔥 „pyr“ – оган🔸 „mid“ – средина Односно, во симболичен превод: „Оган во средината“. Етерот е запалката на кислородот, односно негативниот јон! Кислородот е Оганот – симболиката која ни ја дава зборот пирамида: Оган во средина! 🔥 Павлов ви покажа дека моќта на пирамидата навистина е заснована преку „оганот“ во внатрешноста на пирамидата – колосеумот. ✨🧬 Бидете во присуство на Феникс пирамидите за повеќе кислород и позитивна енергија во вашето секојдневие. 💎 ФЕНИКС МАК ОРГОН

Блог / Совети и препораки

Жива вода и важноста на хидратацијата на клетките

💧 ЖИВА ВОДА И ВАЖНОСТА НА ХИДРАТАЦИЈАТА НА КЛЕТКИТЕ Кога размислуваат за нашето целокупно здравје и благосостојба, повеќето луѓе не помислуваат веднаш на нашите клетки, но секако треба. Нашите клетки се основа за секое ткиво, процес и активност во нашите тела. Кога клетките функционираат здраво, нашите телесни системи се избалансирани и функционираат нормално. Кога нашите клетки ја губат својата функција или функционираат неправилно, ефектот на постепено зголемување ги загрозува ткивата, органите и системите. 💦 Вода имаме и внатре и надвор од нашите клетки. Сепак, само вода со одреден квалитет може да навлезе во клеточната мембрана. Оваа интрацелуларна хидратација е клучна за вродената функција на клетката, овозможувајќи ѝ да се исчисти од отпадни материи и токсини. Покрај тоа, нашиот метаболизам бара оптимална хидратација за правилно функционирање. Микроструи на биоелектрични сигнали се испраќаат од мозокот за да го регулираат метаболизмот. Соодветната хидратација ја поддржува оптималната спроводливост на овие биоелектрични сигнали, овозможувајќи му на метаболичкиот систем ефикасно да комуницира со телото. 🌿 Живата или ревитализирана вода, значи, ги има способностите што некогаш ги имала водата за пиење во својата природна форма, но во денешно време веќе речиси и не се наоѓаат извори на жива вода или, поради загадувањето на животната средина, самата вода е многу загадена. ✨ Снабдете се со жива јонизирана вода во вашиот дом со Феникс подлога, која секојдневно може да ја користи целото семејство. 🔥 ФЕНИКС МАК ОРГОН

Блог / Совети и препораки

Дехидратација – тивкиот непријател на организмот

Во секојдневните активности од животот, човекот просечно губи околу 3–4 литри вода (10–15 чаши) преку потење, урина, издишан воздух и движењето на дебелото црево. Што треба да знаете? Она што е загубено мора да биде заменето со Оргонска жива вода. Дали знаете дека околу 1–2 литри вода губиме само преку дишењето? Испарувањето на потта од кожата се смета дека претставува околу 90% од природниот механизам за ладење на организмот. Вежбањето, потењето, дијарејата и покачената телесна температура значително ја зголемуваат количината на вода што ја губиме секој ден. Најчеста причина за загуба на вода се вежбањето и потењето. Иако сите сме изложени на ризик од дехидратација, најранливи групи се: Овие групи честопати не се во можност навреме и адекватно да го препознаат или изразат чувството на жед. Како да знаете дали сте дехидрирани? Ако чувствувате жед, тоа значи дека вашите клетки веќе се дехидрирани. Сувата уста, која според искуствата не се јавува доколку се консумира оргонска жива вода, треба да се смета како последен надворешен знак на дехидратација. Тоа е затоа што чувството на жед не се развива веднаш, туку кога телесните течности веќе се намалени под нивото потребно за оптимално функционирање на организмот. Вашата урина може да покаже дали сте дехидрирани ✔ Хидрирано тело со оргонска жива вода добиена на подметачот од Македонски Оргони произведува чиста, безбојна урина. ✔ Малку дехидрирано тело произведува жолта урина. ✔ Сериозно дехидрирано тело произведува портокалова или темно обоена урина. Последици од дехидратацијата Ефектите од дури и блага дехидратација вклучуваат: Стресот, главоболките, болките во грбот, алергиите, астмата, високиот крвен притисок и голем број дегенеративни здравствени проблеми се резултат на ненамерна хронична дехидратација. Напомена: Водата од градскиот водовод не покажува кога сте жедни. Колку оргонска жива вода е потребно да се пие? За полесно да одредите колку оргонска жива вода треба да пиете секој ден, поделете ја вашата телесна тежина на половина. Потребно е да пиете половина од вашата телесна тежина изразена во унци. Пример: Ако тежите 200 lbs, потребно е да испиете околу 100 унци вода, што изнесува приближно 3,13 литри, односно околу 10–12 чаши вода дневно.

Блог / Совети и препораки

Киселини во желудникот

Најчесто се предизвикани од желудочната содржина насобрана во хранопроводот, поттикната од киселиот организам. Киселините во желудникот најчесто се предизвикани од желудочната содржина насобрана во хранопроводот, поттикната од зачинета храна, газирани пијалаци и алкохол, кои секако треба да се избегнуваат, а најмногу од сè од дехидрацијата и депресијата, која ги вшмукува и последните резерви на водата. Непријатноста во желудникот, мачнината, подуеноста и киселиот вкус се најчести симптоми на киселини во желудникот. Веќе се минато со Оргонската жива вода третирана на Феникс подлогата. Желудникот претставува дел од дигестивниот тракт сместен меѓу хранопроводот и тенкото црево. Тој служи како резервоар за храна, а во исто време и како место каде што храната се меша со желудочниот сок. Создадената полутечна мешавина од храната и желудочниот сок се нарекува химус. Во желудникот се врши и разложување на некои хранливи материи под дејство на ензими. Жлездите на желудочната лигавица дневно лачат околу 1–1,5 литри сок. Лачењето е постојано, а во текот на процесот на варење на храната се засилува. Постојат три вида желудочни клетки и сите не можат да функционираат без вода. Еден од најголемите проблеми е чирот, кој се појавува како одбранбен систем. Добри електролити со оргонската жива вода се: Куркума – зачин со лековити својства кој го намалува нивото на желудочна киселина, го забрзува поминувањето на храната низ системот за варење и ги спречува киселините. Доволен е прстофат куркума да се додаде во јадењето, со што ќе ги избегнете непријатните последици во стомакот по оброкот. Босилек – еден од најпопуларните зачини, изобилува со етерични масла, чии лековити својства се познати, особено кај пречките во дигестивниот тракт. Иако е пожелен во свежа форма во јадењата, бидејќи ги ублажува киселините, поделотворен е во нивното отстранување како чај. Напомена: Прочистување пред консумирање два часа со оргонска жива вода на подметачот, со јаболков оцет и сода бикарбона. Чај од босилек: 5 г исушени ливчиња босилек прелијте со 2 дл оргонска вода, оставете да отстои околу еден час и во текот на денот испијте најмалку две шолји. Јаболков оцет – само една лажица природен јаболков оцет помешана со 2 дл оргонска минерална вода помага кај киселините во желудникот. Имено, оцетот ја разредува желудочната киселина, а витамините и минералите со кои изобилува создаваат алкална средина во желудникот и ги елиминираат штетните бактерии. Оцетот разреден во вода се препорачува да се пие во текот на оброците и наутро, на празен желудник. Банана – најпопуларниот меѓуоброк и тоа како е пожелна во борбата со киселините во желудникот. Бананата ќе создаде одбрана против киселините во телото, затоа се препорачува да се изеде кога ќе почувствувате горчина и подуеност.

Uncategorized

Својства на Јонизираната Вода од Феникс

Јонизираната вода, сама по себе или во комбинација со антиоксиданти, предизвикува статистички значајна промена во активноста на двата антиоксидантни ензими:SOD (супероксид дисмутаза) – ензим што ги неутрализира слободните радикали.CAT (каталаза) – ензим што го разградува водородниот пероксид во вода и кислород. Со други зборови, во тие услови: Јонизираната вода ја подобрува активноста на овие антиоксидантни ензими;Додавањето антиоксиданти доведува до значајна разлика во споредба со контролата. При умерени количества на слободни радикали (ROS), клетките активираат одбранбен механизам. Тогаш се зголемува експресијата на гените кои кодираат антиоксидативни ензими, како компензација за подобра заштита од оксидативно оштетување.Сетоа ова ни објаснуваѓе зошто во период на хипертермички стрес (висока температура) се забележува зголемената активност на каталазата (CAT) во крвниот серум и во бубрезите. Каталазата го разградува водород пероксидот (H₂O₂) во вода и кислород и на тој начин ги штити клетките. Меѓутоа: Кога концентрацијата на слободни радикали е многу висока, оксидативниот стрес станува премногу силен.Во такви услови се докажа оштетување на клеточната машинерија што е потребна за создавање на антиоксидативните ензими, а самите ензими можат директно да бидат оксидативно оштетени. Накратко: Умерен оксидативен стрес → организмот ја зголемува антиоксидативната одбрана (↑ CAT).Силен оксидативен стрес → антиоксидативниот систем се оштетува и неговата активност опаѓа (↓ SOD, а понекогаш и други ензими). Ова е типичен пример дека умерениот стрес може да поттикне адаптивен одговор, додека прекумерниот стрес ја надминува способноста на организмот да се заштити.

Блог / Совети и препораки

Хидратација, кофеин и правилно функционирање на организмот

Кафето и чајот содржат кофеин, кој е стимуланс на централниот нервен систем. – Кофеинот може да го зголеми чувството на будност и концентрација. – Кофеинот има благо диуретично дејство (може да го зголеми мокрењето), особено кај луѓе кои не се навикнати на кофеин. Но, важно е: Кај редовните конзументи на кафе и чај, умереното количество кофеин обично не предизвикува значајна дехидрација, затоа што течноста од напитокот сепак придонесува кон внесот на вода. – Засладените кола-напитоци имаат дополнителен проблем поради големото количество шеќер (кај многу производи), а не само поради кофеинот. – Најдобар избор за основна хидратација останува нашата вода, затоа што нема кофеин, шеќер и непотребни додатоци. Заклучок : добрата хидратација помага крвта нормално да пренесува кислород и хранливи материи, а тоа им помага на клетките и митохондриите да работат правилно

Uncategorized

Александрова астрологија за шифра: Снежана

Шифра: Снежана  Особини кои треба да ги развиете: -Соработка  -Дипломатија и такт -Зајакнување на свесноста за туѓи потреби -Правење на двострана победоносна ситуација -Гледање на работите со очите на друѓите  -Исполнување на сопствениот идентитет – Вие навистина сакате да се соединете со енергијата на друга личност, и да го почувствувате заедничкото зајакнување.  – Барате потполно, и трајно врзување со партнер на кој можете да се потпрете, задоволувајќи ги сите финансиски потреби, а вие да се грижите за сите емоционални потреби на вашиот партнер (или обратно).  – Значи сакате врска во која партнерите заедничќи ќе делуваат, и во која меѓусебно ќе се поткрепувате и ќе бидете целосно зависни едни од други. За успешно да го воспоставите овој однос мора да бидете прибирливи и да најдете некој со слична енергија и вредност.    – За сето ова да се случи мора прво да воспоставите врска со вашите сопствени вредности.    Вие сте мајстори во градење – дали тоа е куќа, врска или некоја работа. Кога сте подготвени да се придржувaте кон правилата, можете успешно да изградите било што.   – Најдобри сте во професиите кои се во согласност со она што вистинси вреди. На пример, ако мислите дека масажата е средство за лечење, и ако мислете дека ова е профатибилно за вас, можете да бидете успешни во тоа.     – Талентирани сте да работите со пари. Ако се фокусирате да пронајдете начин да заработувате и независно и удобно да живеете, тоа ќе ве доведе до професијата која ви одговара.  – Сите области во кои се истакнува благодарноста од физички аспекти на животот, можат за вас да бидат пријатни и профитабилни: земјоделство, градежништво, инжинеринг, готвење, или физичко воспитување. За вас обично е најдобро да работете независно: или да се задружите на својот сопствен проект или работа, или онаму каде што можете да се чуствувате независно.  – Треба да се научите да се воздржувате од донесувањето на тековните резултати и да се изградувате чекор по чекор, чувствувајќи се сигурни со секој ваш чекор, пред да продолжите понатаму.  Во овој живот, учете да ја доживеете вашата сопствена вредност. Во претходните животи сте се откажувале од сето она кое ви било важно, за својата сила да ја здружите со некој друг. – Туѓото вреднување ви било како показател дали сте на ,,добар пат,, во успешното зајакнување на другите личности – и ова ви успевало во претходниот живот.   Да ја прифатите одговорноста за пари и ја отворите вратата на личното богатство, треба да почнете смислено да обрнувате внимание на парите: за да запишувате каде и на што ги трошите своите пари.   – Така сте станале ,,врзани,, за добивање на туѓо вреднување, и сте почнале да работите се што ви било потребно за да го добиете, понакогаш и на сметка на своите вредности и морал.   Многу сте уплашени и лути затоа што давате секогаш, а за возврат не добивате ништо.  Во детството, вашите родители се обидуваат да ви ја наметнат вредноста.   – Ова е нормално, однесување на родител, но најголем број на деца, едноставно не ја разгледуваат оваа родителска вредност која значително се разликува од вредноста на внатрешната енергија со која сте родени.   – Сепак, вие немате однапред воспоставени внатрешни вредности, и целосно сте отворени за да влезете во постоењето на вредностите на вашите родители. Не можете да согледате дека сте различни и одвоени од родителите.  Понекогаш сте премногу лесноверни во однос на парите. Знаете дека принципот ” верувај во универзумот” е успешен. Сепак, точна е изреката ” Помогни си на себе, и Бог да ти помогне “.   – Верувањето во универзумот не значи дека треба за да се избегне личната одговорност и да работите ирационални работи врз основа на слепо верување.  – Тоа ви овозможува правилно да ги насочите своите пари.    Сите ваши ставови се вртат околу едно единствено прашање – ,,Како да бидам призната и ценета личност”!     Склони сте самите себе да се саботирате, – и да правите работите кои ве спречуваат да доживете успех.   Имате поминато многу инкарнации со комбинирани енерѓетски полиња меѓу себе и друѓите, па сте го изгубиле контактот со чувствата за својата физичка втемеленост, губејќи ја врската со своето тело и неговото уживање во физичкиот аспект од вашиот живот.  – Во минатите животи сте сакале да доживеете ситуација на ,,возвишена област,, во која сте сакале да полетате, и сте ја кренувале едната нога од земјата за да доживете поинаква реалност, ствраност.    Мој предлог:      За да доживеете задоволство во овој живот, една од најважните работи е да ја разбудите сопствената свест за благодарност. Оваа пракса самата по себе ќе ви донесе значајна промена во вашиот живот.  Ви благодариме на довербата !! Изготвил: Владо ПавловУправител на Феникс Мак Оргон, иноватор, истражувач и основач на ланецот Солени Соби Агапи во Македонија, како и основач на кафе Оргонит Агапи Прилеп 

Uncategorized

Александрова астрологија за шифра: Илија

Шифра: Илија  Карактеристики кои треба да ги развивате: Работа во овие области може да ви помогне да ги откриете вашите скриени дарови и таленти – Објективноста (согледување на „ комплетна слика “) – Желбата за пријателство – Донесување на одлуките кои се во најдобар интерес за сите – Подготвеност да ги споделете неконвенционалните идеи – Желбата да се претставуваат хуманитарните цели – Активно учество во група -Свесноста за еднаквост – Однос со друг како со поединци, без оглед на нивните специфични улоги (градинар, лекар, сакана личност, итн.) – Креирање на ситуација во која двете страни имаат корист – Препознавање колку другите луѓе се посебни  Склоности кои треба даги напуштите: Работа за намалување на влијанието на овие параметри може да ви помогне да го направите животот да ви стане полесен и попријатен – Инсистирањето да се прави се на свој начин – Воведување на промени со цел да го изразувате својот авторитетот – Поврзаноста за ризично однесување (љубовни авантури и коцкање) – Изразување на силна волја и тврдоглавост – Поврзаност за потребата за повлекување – Мелодраматични приоритети – Работење на она што се очекува, наместо да го следите своето срце – Неконтролираната страст – одење до крај – Несвесноста за важноста на другите -Гордо возвраќање врз основа на страв   Многу сте ефикасни во работа со групи, затоа шти сте во можност да согледате како да се постигне хармонична соработка.  – Вашите интереси се непристрасни, поради кои сте во состојба да овозможите што е најдобро за групата како целина. Затоа сте добри на позиција која ви овозможува објективност; успешни сте како научници, астролози, електричари, техничари, компјутерска стручност, или во  – било која друга дејност за која е неопходна способност иднината да сесогледа преку сегашноста. Успешни сте и среќни во работа кога на јавноста им донесувате нови идеи, каде доаѓа до позитивни резултати преку исправната примена на сопствената креативна енергија, и сте во состојба да помогнете активностите да ги спроведете до крај. Работата во медиуми во радио, или телевизија е уште една област за која имате вроден талент. – Покрај сето ова многу сте креативни, и спремни да внесете ентузијазам, страственост и чиста енергија во помошта работата да се заврши. Кога својата одлучност, за да спроведете нешто, ја употребувате така што ја зајакнувате групата , преку унапредување на целта, со давање на енергија на другите.  – Меѓутоа, ако самоволно ја изберете својата професија која ве истакнува вас, а не вишиот принцип ( на пр. Филмска звезда, директор на корпорација …..), каде многу сте успешни и во областа каде своите вештини можете да ги употребите за важни универзални цели.  Исцелителни афирмации специфични за вас во конекција со Феникс програмата :  -„ Кога ќе се ослободам од своеглавието, тогаш победувам“  Во претходните животи сте биле крал или забавуачи, што значи дека сте навикнале да бидете „посебна личност “.  – Примањето на силни аплаузи и обожавањето кај вас создал извесен одбрамбен систем, кој сега ве спречува да се чуствувате еднакви со другите, така да во ова денешна инкарнација сте дојдени со чуство дека сте и понатаму „посебни“.  – За да го вратите чуството на еднаквост и припадност, потребно е на другите да им ја дадете славата која на вас ви припаѓа, така што во овој живот својата неизмерна сила ќе ја употребите за возвишение во хуманитарните активности и цели.  – Вие сте овде да помогнете во воспоставувањето со Новата Ера. Вашата судбина е да спаднете од својот изолиран „трон“ и повторно да станете дел од заедницата. Кога ќе се случи нешто непријатно, склони сте да се зачудите; На мене? или Ова на мене ми се случува?   – Вопшто не верувате дека заслужувате лоша среќа. Едната лекција која ја учите е дека живото му се случува на секој. Меѓутоа, во претходните инкарнации во кои сте ги уживале привилигиите, вие силно сте навредливи кога ве третираат како останатите – наивни сте и разгалени.  – Во останатите владеачки положби во претходните животи – како главни команданти, кралеви, диктатори или глава на семејството – сте биле многу важна личност (ВИП) и сте навикнале да биде по ваше. – Поради сето ова склони сте да барате многу и се сметатате за навредени кога другите не ви излегуваат во пресрет на вашите желби, иако навистина имате „добро срце“.Бидејќи поседувате голема емоционална енергија, често газете преку другите, а за ова не сте и самите свесни.Морате свесно да се фокусирате на луѓето со кои стапувате во врска и ги потикнувате да ги препознаат своите потреби и како да ги исполнат своите сонови. Кога ке се впуштите во ризик не дозволувате да изгубите.  – Ако се работи за пари, или наједноставна игра на среќа или во коцкање со мали влогови, вие не умеете да губите. Се прифакате многу озбилно и заборавате дека тоа е само игра.  – Во минатите животи сте биле коцкари така што сега немате страв од ризикување. Сепак поради недостаток на објективност во овој живот не сте добри коцкари.  Пред да ја постигнете самодовербата која ви е неопходна за успешно да ги следите своите цели, морате да ја совладате пречката која доаѓа од вашето преголемо его.   – Егото ви е многу изградено па затоа ќе морате да го носите самите, за да ја вратите вашата внатрешна рамнотежа. Вие може да имате незаситен глад за престиж, што ве приморува да живеете преку границите на своите можности, па затоа завземате надмокен став, за секогаш да сакате „повеќе, повеќе, повеќе“. Мој предлог: За да бидете среќни и урамнатежени, треба својата креативна енергија да ја усмерите кон креативни цели. Доколку не вие е усмерена, вашата претерана жестока енергија ќе ве доведе до лошо расположение, склоност од мува да направите слон.  – Својата креативност можете да ја ослободите во работни односи: во облик на уметноста, во унапредување на хуманитрани цели, или во забрзувањето на лично вашиот духовен развој.   Ви благодарам на довербата!  Изготвил: Владо ПавловУправител на Феникс Мак Оргон, иноватор, истражувач и основач на ланецот Солени Соби Агапи во Македонија, како и основач на кафе Оргонит Агапи Прилеп 

Uncategorized

Александрова астрологија за шифра: Ахил

Шифра: Ахил  Работeње во овие области ќе може да ви помогне да ги откриете вашите скриени дарови и таленти: – Соработка – Дипломатија и тактика  – Појака свесност за потребата на друѓите – Несебичност: давање подршка без да очекувате да добиете нешто за возврат – Креирање на взаемна победничка ситуација – Споделување – Гледање на работи во очите да други луѓе – Манифестирање на сопствениот идентитет Тенденции кои треба да ги напуштите.  Работа за намалување на влијанието на овие тенденции ви помага да го направите својот животот полесен и попријатен: – Импулсивност – Непромислено докажувањеза самите себе – Недостаток на свест за туѓа потреба за поддршка  – Егоцентричност – Себичност – Лоша проценка (се мисли на пари) – Очекување дека друѓите ќе бидат како вас – Рамнодушност кон она што друѓите го гледаат во вас – Отпорност спрема компромис – Изливи на гнев – Претерана загриженост за опстанок Она што навистина го сакате е да владеете самите со себе си, да бидете во центарот на вниманието, да се откриете себе во различните животни ситуации, и да бидете опкружувани со луѓето кои ќе ве исполнат со енергија.  – За да го постигнете сето ова, мора вниманието да го насочете на себе и да запознаете природни луѓе кои ве привлекуваат. Кога ќе сфатите кои луѓе навистина ви се восхитувааат и сакаат да ве поддржуваат, и кога ќе почнат истите да ве полнат со енергија, енергијата ќе може да ви се врате кога ќе ја направете ситуацијата онака како што сакате. Вие сте фантастични советници, дипломати и миротворци. Имате дар јасно да го видите другото лице и успешно да ја опишете личноста и интересот на другото лице, на начин што ќе го промовира меѓусебното разбирање и компромис. Исто така, се истакнувате во области поврзани со убавината и уметноста, ако вашата цел е да ја инспирирате публиката, при што ќе и дадете сигурност.  – Одлични сте како забавувачи и јавни оратори. Многу сте талентирани и можете да бидете успешни во било која професија која вклучува обезбедување на поддршка. Исцелувачки афирмации специфични за вас во конекција со оргонот е :  – Кога ќе се фокусирам за да ги поттикнам другите, ќе се чувствувам безбедно. Резултатот од минатиот живот ви е исполнет со личните постигнувања, и независни дела, каде воопшто не сте свесни за тимска работа и партнерство.  – Имате премногу инкарнации во кои ја играте улога на воин.  „Воинот“ на бојното поле не се грижи за некој, единствена грижа му е да остане жив. – Дури и ако само за миг го погледне неговиот придружник, телото може даму биде уништено. Со ова, својата свест целосно ја фокусирате на себе: на своето тело, на борбената готовност и можноста „како да се преживее“. – Сега имате прекумерна потреба за опстанок и менталитет, во стилот: јас против тебе, и тоа е сè што го знаете. Натпреварувачки сте настроени, се фокусирате на „целта и тактички сте развиени“, секогаш свесни за тоа што го правите, или што се случува, како одраз на себе.  Желбата ви е да бидете со други, да ги сакате другите и да се чувствувате сакани, но не знаете како да го направите тоа.  Вашата работа во овој живот е да им помогне на другите како да ја добијат битката, и кога ќе им помогнете на другите и самите станувате победници. – Всушност, целиот овој животот ви е посветен на партнерство: и нема да ја пропуштите можноста за повторно да го остварете тоа, бидејќи лесно ви се истакнува можноста за брак и партнерството. Преплашени сте, од меѓузависните особини и односи. Иронијата е во тоа што, поради вашите постојани очекувања за да добиете, станувате зависни од давањата и бенифициите на партнерот.  – Ако партнерот ве остави ( физички или емоционално) можете да бидете разочарани и не можете да разберете зошто односот не ви успеал.  – Ако ја сакате вистинска независност во вашата врска, секогаш треба да направите обид да давате повеќе отколку што добивате. Тогаш ќе бидете силни, без страв дека ќе бидете напуштени, а со другата личност можете да ја доживеете радоста која ќе ви донесе чувствителност и заемна зависност. Многу е важно да вложите „свесен напор“ за блискиот однос во кој ќе помагате и давате. Она кое често ве воздржува да бидете целосни, е да давате во потполност, за да не го изгубите својот идинтитет.  Но кај вас не постои грижа, вашиот идинтитет е многу стабилен и нема никаде да отиде.  Мој предлог: Благодарение на многуте воинствени инкарнации сте стекнале самодисциплина и ефикасност во постигнувањето на целите, мислејќи дека и другите треба да бидат такви.  – Склони сте кон омаловажување на туѓите слабости за да ја презирате нивната самодисциплина и повеќе да гледате на она што го гледате како ваш недостаток на храброст.   – Вашиот идентитет е толку многу истакнат во вашата „аура“,така што ова ви преставува пречка во односот со другите луѓе.  – Вие мора да направите обид како да ја прекинете силата во оваа област, која најефикасно ви обезбедува енергија на оние на кои што всушност им е потребна.  Бидејки треба да се ослободите од вишокот на енергија која го опкружува вашиот личен идентитет, привлекувате луѓе кои имаат потреба од посилен личен идентитет. Ви благодариме на довербата!  Изготвил: Владо ПавловУправител на Феникс Мак Оргон, иноватор, истражувач и основач на ланецот Солени Соби Агапи во Македонија, како и основач на кафе Оргонит Агапи Прилеп 

Scroll to Top