Најчесто се предизвикани од желудочната содржина насобрана во хранопроводот, поттикната од киселиот организам. Киселините во желудникот најчесто се предизвикани од желудочната содржина насобрана во хранопроводот, поттикната од зачинета храна, газирани пијалаци и алкохол, кои секако треба да се избегнуваат, а најмногу од сè од дехидрацијата и депресијата, која ги вшмукува и последните резерви на водата.
Непријатноста во желудникот, мачнината, подуеноста и киселиот вкус се најчести симптоми на киселини во желудникот. Веќе се минато со Оргонската жива вода третирана на Феникс подлогата.
Желудникот претставува дел од дигестивниот тракт сместен меѓу хранопроводот и тенкото црево. Тој служи како резервоар за храна, а во исто време и како место каде што храната се меша со желудочниот сок. Создадената полутечна мешавина од храната и желудочниот сок се нарекува химус. Во желудникот се врши и разложување на некои хранливи материи под дејство на ензими.
Жлездите на желудочната лигавица дневно лачат околу 1–1,5 литри сок. Лачењето е постојано, а во текот на процесот на варење на храната се засилува.
Постојат три вида желудочни клетки и сите не можат да функционираат без вода. Еден од најголемите проблеми е чирот, кој се појавува како одбранбен систем.
Добри електролити со оргонската жива вода се:
Куркума – зачин со лековити својства кој го намалува нивото на желудочна киселина, го забрзува поминувањето на храната низ системот за варење и ги спречува киселините. Доволен е прстофат куркума да се додаде во јадењето, со што ќе ги избегнете непријатните последици во стомакот по оброкот.
Босилек – еден од најпопуларните зачини, изобилува со етерични масла, чии лековити својства се познати, особено кај пречките во дигестивниот тракт. Иако е пожелен во свежа форма во јадењата, бидејќи ги ублажува киселините, поделотворен е во нивното отстранување како чај.
Напомена: Прочистување пред консумирање два часа со оргонска жива вода на подметачот, со јаболков оцет и сода бикарбона.
Чај од босилек: 5 г исушени ливчиња босилек прелијте со 2 дл оргонска вода, оставете да отстои околу еден час и во текот на денот испијте најмалку две шолји.
Јаболков оцет – само една лажица природен јаболков оцет помешана со 2 дл оргонска минерална вода помага кај киселините во желудникот. Имено, оцетот ја разредува желудочната киселина, а витамините и минералите со кои изобилува создаваат алкална средина во желудникот и ги елиминираат штетните бактерии. Оцетот разреден во вода се препорачува да се пие во текот на оброците и наутро, на празен желудник.
Банана – најпопуларниот меѓуоброк и тоа како е пожелна во борбата со киселините во желудникот. Бананата ќе создаде одбрана против киселините во телото, затоа се препорачува да се изеде кога ќе почувствувате горчина и подуеност.

