Во човечкото тело постои неразделна врска помеѓу нервниот и ендокриниот систем.
На местата каде што се разгрануваат важни нервни сплетови (плексуси) и каде што работат жлезди со внатрешно лачење, се наоѓаат и главните енергетски центри – чакри.
Секоја чакра симболично одговара на одреден дел од телото и неговата функција:

КРУНА (САХАСРАРА)
таа е поврзана со мозокот, свеста и епифизата.
ТРЕТО ОКО (АЏНА)
тоа е поврзано со хипофизата, интуицијата и нервниот систем.
ГРЛО (ВИШУДА)
тоа е поврзано со тироидната и паратироидната жлезда, изразувањето и комуникацијата.
СРЦЕВА (АНАХАТА)
тоа е поврзано со срцето, тимусот, чувствата и способноста за љубов.
СОЛАРЕН ПЛЕКСУС (МАНИПУРА)
тоа е поврзано со панкреасот, варењето и личната сила.
САКРАЛНА (СВАДИСТАНА)
тоа е поврзано со половите жлезди, емоциите и креативноста.
КОРЕН (МУЛАДАРА)
тоа е поврзано со надбубрежните жлезди, чувството на сигурност и основната животна енергија.
Кога се гледаме себеси преку овој поглед, стануваме посвесни за нашиот внатрешен ритам и врската помеѓу умот, телото и животната енергија.

Ваквата поврзаност ни кажува дека можеме да влијаеме на телото и неговите функции преку енергетскиот систем и обратно. Негувањето и интензивирањето на нашиот енергетски систем со помош на Феникс генераторите кои исфрлаат негативен јон, а тоа е етерот, ни даваат подобрување на работата на сите жлезди кои се поврзани со сите наведени главни чакри, а во спрега со алкалната жива вода која е богата со кислород и енергетски потенцијал. Особено ја негуваат тироидната жлезда која е под директива на грлената – 5 чакра, а под чија директива се одвиваат најзначајните функции во телото како што е работата на срцето, метаболизмот, регулирањето на базалната температура и т.н.
Беспрекорната работа на енергетскиот систем, неговото хармонизирање и урамнотежување води во подлабоки состојби на менување на свеста и духовни придобивки.

