Човечкото тело е манифестиран електромагнетен бран – 1 дел

Долгогодишното истражување и практика на Феникс и Бела-агнија/Агапи потврдува дека нашето тело е квантен уред, манифестација на живата технологија на свеста, енергијата и божествената интелигенција. Ние сме најнапредниот уред во универзумот. Не е паметниот телефон, ниту суперкомпјутерот, дури ни вештачката интелигенција. Тоа сме ние – човекот, нашето тело, нашиот ум, нашата енергија. Жив, дишечки, квантен инструмент на светлина и интелигенција. Научени сме да гледаме нанадвор за технологијата. Но, најсветата, најсофистицирана и само-лекувачка технологија е внатре, во нас.

Нашето тело е симфонија на фреквенции. Науката ни кажува дека целата материја е енергија. Но, квантната наука ни кажува дека: Оваа енергија постои во полето на веројатност, а не на сигурност. Знаеме дека набљудувањето и визуелизацијата влијае на исходот – што значи дека нашата свест е креативна сила. Секоја клетка вибрира, не само физички, туку и електромагнетно. Тоа значи дека нашето срце емитира поле 5.000 пати посилно од нашиот мозок. А нашиот мозок генерира кохерентни бранови состојби кои се менуваат со медитација и усмерување на вниманието. Додека пак нашата аура или биофилд комуницира со други полиња.

Така да, ние не сме само тело. Ние сме брановиден електромагнетен облик во човечка форма, а нашата ДНК е кристална антена. Мејнстрим науката ни кажува дека ДНК е само генетски код. Но, се повеќе и повеќе истражувања, како и античкото знаење сугерираат дека ДНК-та е квантен приемник и предавател. Таа ја апсорбира светлината (биофотоните), реагира на фреквенцијата и ја складира духовната меморија. Нашата ДНК е обликувана како антена со двојна спирала, чувствителна на енергија, мисла и околина. Затоа влегувањето во био-полето на Феникс генераторот пирамида ДНК-та ги прима потребните елетромагнетни бранови со кои правилно се обликува, расте и се дели. Ова е посебно важно при оштетена ДНК која во присуство на Феникс енергијата полека се регенерира и телото, се исцелува физички, емотивно, енергетски и духовно.

Продолжува…

Scroll to Top