Шифра: Лилјан 4
Поради осаменоста и изолацијата во претходниот живот, може овој да ви изгледа како вие можете со часови да разговарате самите со себе.
– Може да се потсетиме дека другото лице доколку постави општо прашање, како што е – Како е?- ако другата личност вниманието повторно го насочува кон вас, одма ја користите приликата и не престанувате да зборувате.
– Без прекин можете да разговарате сè што во живот ви се случува, вие можете да раскажувате за своите секавања, да кажете десетини случувања од вашиот живот во текот на еден разговор, и во секој од нив ,,вие“ да сте херојот, а додека друго лице во тој разговор да не прозборе ниту еден збор, бидејќи не добило можност од вас, и ја губи својата заинтересираност во разговорот со вас.
Бидејќи сте поминале толку многу инкарнации во кои сте зборувале, вие и денес чувствувате потреба постојано да зборувате.
Молчењето не ви одговара, бидејќи го поврзувате со изолација.
– Сега сакате да воспоставите однос со другите, дури и ако тоа се случува во тишина, каде ви се причинува дека постои некој проблем овде, и почнувате да зборувате за се и сешто само да ја исполните оваа празнина.
– Вие учите како да влезете во разговорот воспоставувајќи ги меѓусебните односи, кои подрзбираат изнесување на својата позиција со чувствителност кон другите луѓе, и дека повикот за одговорите е да бидете отворени секогаш за нивната реакција.
– Треба да запаметите дека повремено го привлекувате вниманието на другите луѓе кога се распрашувате за нивниот живот, изнесувајќи свој поглед за нивните животи кои можат да бидат- корисни за нив.
– Ако предолго останете во центарот на вниманието, ја губите енергијата внесувајќи им на други луѓе взаемен однос.
– Кога ја чувствувате загубата на енергија, значи тоа е сигналот кога би требало да им отстапите простор на другата личност да зборува.
– Разговорот е како дишењето: вдишувањето и издишувањето, учете дека двете страни треба да имаат можност да учестувуваат во разговорот, без разлика кое лице е во центарот на вниманието.
Запомнете :
Ова не е живот во кој мора да бидете во право. Треба да бидете искрени кога ќе одговорите на нешто на два различни начини.
Личност сте што треба :
Никогаш нема да кажете немам идеја за својот живот.
– Наместо ова ќе кажете – Имам намера да се запишам на правен факултет, а потоа ќе утврдите шест причини зошто сте се запишале на правен факултет. Дури и сите мани и недостатици ќе ги наведете за вашиот избор.
Во столбот :
Мислев за негативните страни, но знам дека ова е тоа што сакам да го направам.
Мој предлог :
Планетата Земја работи на принципите на јин и јанг, ден и ноќ, студ и жештина, уништување и создавање, машко и женско – проѕирни спротивности кои ја прават целината на природата.
– Подобро ќе го разберете животот, луѓето или ситуациите, кога ќе ја видете „другата страна” на паричката. Се уште се учете како да добиете, да го прифатите и да бидете заинтересирани во двете страни, а да не заземате ваш став: “Тоа е само паричка, многу важно“.
Во оваа инкарнација чувствувате посебна потреба за слобода. Ако оваа потреба ви дава сила да запознаете нови луѓе, ова е благотворно за вас, бидејќи си ја појачувате вашата виталност.
– Меѓутоа, ако потребата за слобода ви е заснована врз слушање на другите и нивната ,,трака на слободата“ или да бегате од поврзувањето со другите, последиците ви се вознемиреност и изолација (осаменост).
– Кога другите луѓе ви ја најдат слабата точка, и ве налутат, вие реагирате така што потполно се исклучувате и се повлекувате на својот врв на планината. Чувствувате дека поврзувањето со луѓето ве прави слаби и несвесно се плашите дека другата личност нема да ве разбере во потполност.
– Истоа така, вас ве вознемирува и кога пробувате да ја изразите својата вистина. Иако до вистината не доаѓате многу лесно, и многу ви е тешко да ја пренесете на другите, така што вие можете сами да ја разберете и препознате.
Заклучок :
Вашата потсвест, и склоноста на претпоставки најчесто се однесуваат за вас. Ако постапувате без претходна размена на информации со другите, самите на себе си правете разочарување.
– Ако имате сомнежи, треба да разговарате со другото лице и да слушате без да го осудувате. Кога ќе претпоставите дека останатите знаат се како треба, често ќе се најдете во неволја.
Ви благодариме на довербата !
Изготвил: Владо Павлов
Управител на Феникс Мак Оргон, иноватор, истражувач и основач на ланецот Солени Соби Агапи во Македонија, како и основач на кафе Оргонит Агапи Прилеп

