Шифра: Паонка
ИСЦЕЛУВАЧКИ АФИРМАЦИИ ЗА ВАС ВО СПРЕГА СО ОРГОНИТОТ ОД ФЕНИКС
-„Кога ќе се сконцентрирам и имам одреден план, целиот Универзум ми отвара пат кон успехот“.
Имате вродена свесност за духовна димензија на животот и во складност сте со поубавите предели, кои се во вашата сопствена природа. Премногу сте чуствителни, и многу внимателни за да на другите не им нанесете болка. Всушност, понекогаш сте многу свесни и загрижени, поради тоа што некој друг страда.
Поништување на егото:
– Имате историја за многу минати животи во кои сте го поништувале егото – било преку медитација и духовно трагање; злоупотреба на дрога или алкохол; затварање во манастири, затвори, или азил каде сте имале време за размислување; или потполно предавање на музиката, поезијата, или сликарството.
– Без разлика на кој начин сте го поништувале егото, во овој живот потребно е да се соочите со последиците. Ако до тоа поништување е дојдено со насочување на духовноста, овој живот ќе ви биде во потполно пореметување, се додека не го најдете духовниот пат кој има принципи слични со оние од минатите ваши инакарнации.
Имате поминати многу животи во кои сте биле одвоени од друштвото. Не сте навикнати да бидете во светот.
– Размислувате како животот сте го поминувале во манастирите каде ударањето во камбаната означувал време за будење, медитација, молитва, вежбање, јадење, работа и спиење – а во тој Камбан удара некој друг!
Поседувате изострена свесност за психичките или измилени области, стекнати во минатите животи. Доколку своите таленти во овој живот не ги насочите како што треба, можно е да ги претворете во слабост која ќе ве доведе до параноја, страв и вознемиреност.
– Сепак, ако работите насочени кон целта, вашите мистични таленти можат да се употребат како успешно завршување на работата. Кога би постоел некој креативен начин да ја пуштите својата фантазија да им служи на другите, вашите визионерски способности можат да бидат извонредна предност.
Мој предлог:
– Треба да ја пуштите вашата креативна фантазија да биде насочена кон надворешниот свет како им служела на другите и би произведувала опипливи резултати, наместо да ја насочувате кон самоиспитување на вашата внатрешност.
Во овој живот се ви станува лесно и се радувате кога нешто работите, штом претходно одредите што ви е целта. Она што треба да го избегнувате е склоноста кон имагинација и фантазирање.
Во минатите животи сте научиле кои се предностите на кршење на законите, така што во оваа инкарнација може да имате силно чувство за добро и лошо, и апсолутна фобија од тоа да не го прекршите законот.
– Имате долга Историја на суеверија и може да бидете полни со идеи кои треба да ги следите за да се избегне страшна казна.
– Во минатите животи сте имале толку многу искуство за духовни „ пораки“, па во овој живот влегувате барајќи предскажувања и да го занемарувате она што се случува на опипливо ниво.
По природа сте многу истенчени, чуствителни, грижливи и умеете да опростувате, а тоа ве прави подложни да бидете искористени.
– Во односите можете да го одредите вистинскиот пат, зависно од тоа дали во некој контакт ја добивате или губете енергијата.
– Другите луѓе ја чуствуваат вашата сочувствителност, па тоа ги привлекува како што ноќните пеперутки ги привлекува пламенот.
Во минатите животи сте стекнале многу разбирање и љубов која сте ја делеле со другите. Спрема тоа, во овој жиот потребно е да бидете сконцентрирани, да давате свој допринос и својата мудрост да направете да биде достапна и на другите. Учете како љубовта да ја претворите во служење и како повторно да се поврзете со чуствата за безгрижна љубов и сочуствата кон себе.
Во овој живот потребно е да ја изградите самодовербата.
– Поради својата чуствителан природа, во суштина се чуствувате беспомошно е ранливо. Сето тоа може да доведе до вознемиреност за која нема причина, не можете да се ослободите од таквите чуства се додека не утврдете што вие е целта.
Ви благодариме на довербата !!
Изготвил: Владо Павлов
Управител на Феникс Мак Оргон, иноватор, истражувач и основач на ланецот Солени Соби Агапи во Македонија, како и основач на кафе Оргонит Агапи Прилеп

