Шифра : Пролет
Замката твоја која треба да ја избегнеш е бескрајно тоа барање на спасител и ментор на кој можете слепо да му верувате и на кој можете да му се доверите !!!
– Единствениот начин за да ги остварите своите цели е животот да си го организирате на начин на кој на вас ви е потребен за да се чувствувате безбедно и лесно.
– Имаш вродена свесност за духовната димензија на животот. Премногу си чуствителна, и многу внимателна за да на другите не им нанесете болка.
Твојата душа се има прочистено преку искуствата од минатите животи, преиспитувајќи ги сопствените мотиви и препознавајќи кој доблести ви недостасуваат.
Затоа имате стекнато незмерно голем увид кој ви овозможува во сегашноста да не бидете критична спрема другите. Во овој живот себе на ниту еден начин не се сметате за „супериорни “!
Поседуваш изострена свесност за психичките области, стекнати во минатите животи. Доколку ти своите таленти во овој живот не ги насочеш како што треба, можно е да го претвориш животот во слабост која ќе ве доведе до параноја, страв и вознемиреност.
– Сепак, ако работите ти се насочени кон целта, твоите мистични таленти можат да се употребат како успешно завршување на секоја работа.
Многу си успешна кога активно експериментираш за да видеш што на практично ниво за тебе е добро, а што не. Не би требало да се трудиш секој заклучок да го оставаш во својата глава.
Вие сте особа која сте навикната да имате свесност во поширока смисла на зборот. Тоа може да ви влијае да направите нешто што не е во ваш интерес. Но, кога ќе обратиш повеќе внимание на вистинските ситуации многу ретко може да ве измами некој.
– Кога на себе ќе си дозволиш да живеш несконцентрирано, често почнуваш да се чуствуваш вознемирено, а да не знаете зошто ?
Во минатите животи си научила кои се предностите на кршење на законите, така што во оваа инкарнација можш да имаш силно чувство за добро и лошо, и апсолутна фобија од тоа да не го прекршите законот.
– Имаш долга историја на суеверија и и тоа ви помага да бидете полни со идеи кои треба да ги следите, со цел да се избегне страшна казна.
Единствената најлоша работа која можете да ја напрвите е да се сомневате во чисотата на вашата цел.
– Додека не стекнеш јасна слика на својата цел, ти ригорозно го преиспитуваш умот, за да се увериш дека намерата ви е поштена, дека целта е достапна, и дека ќе им служите на другите.
– Ти во овој живот откриваш на кој начин вашата визија може да се оствари на практично ниво.
За тебе служењето е лек за внатрешното патење. Имаш силно чувство на поврзаност со луѓето и длабоко сочувствувате со туѓите страдања.
По природа си многу истенчена, чуствителна, грижлива и умееш да опростуваш, а тоа ве прави подложна да бидете искористена. Во односите можеш да го одредиш вистинскиот пат, зависно од тоа дали во некој контакт ја добиваш или губеш енергијата.
– Во минатите животи си стекнала многу разбирање и љубов која сте ја делеле со другите.
– Спрема тоа, во овој жиот потребно е да бидеш сконцентрирана, да даваш свој допринос и својата мудрост да направете да биде достапна и на другите.
Моја порака :
Во овој живот потребно е да ја изградите самодовербата. Поради својата чуствителна природа, во суштина се чуствуваш беспомошно, а тоа значи ранливо.
– Сето ова може да те доведе до вознемиреност за која нема причина, и тогаш не можете да се ослободите од таквите чувства се додека не утврдете што вие е целта.
Најхитно самодовербата да се изгради, ако не е изградена !
Премногу сте чуствителна и сте склона да мислете дека и сите останати се исти како вас.
Тука е грешката !
– Кога малку подобро ќе погледнеш , можеш да видеш што стои позади маската која останатите ја прикажуваат и што вистински се случува – можете да ги согледате туѓите мотиви, желби и несигурности.
Не очекувајте сите да бидат како вас !
Ви благодариме на довербата !
Изготвил: Владо Павлов
Управител на Феникс Мак Оргон, иноватор, истражувач и основач на ланецот Солени Соби Агапи во Македонија, како и основач на кафе Оргонит Агапи Прилеп

