Симптомите на недостаток на кислород можат да бидат различни, тие се во голема мера определени од степенот на неговата сериозност , времетраењето на изложеноста и причините за нејзиното појавување.
Во акутно нарушувување, симптомите се поизразени, а во хронично нарошување, тие честопати се скоро неведливи . Недоволното снабдување со кислород доведува до зголемување на стапката на дишење. Телото се обидува да го зголеми снабдувањето со кислород до белите дробови и неговиот транспорт заедно со крвта. Најпрвин, дишењето станува брзо и длабоко , а постепеното исцрпување на респираторниот центар го прави ретко и плитко.
Со недоволното снабдување со кислород, срцевиот ритам на пациентот се зголемува, крвниот притисок се зголемува, а и срцевиот минутен волумен се зголемува.
Зошто ?
Затоа што телото се обидува да снабдува што повеќе кислород .
Исто така, постои активно ослободување на депонираната крв во крвотокот паралелно со зголеменото формирање на црвени крвни клетки, што му овозможува на телото да го зголеми обемот на носење на кислород .
